Денеска претседателот на Македонскиот полициски синдикат (МПС) д-р Марјан Кицев, потпретседателот Зоран Кузманоски и заменикот на генералниот секретар Адријан Телкиу во Скопје остварија работна средба со раководството на Компанијата Маја, соопштија од МПС.

– На средбата на директорот на компанијата, Габријел Панталер му беше врачена благодарница и плакета како благодарност од Македонскиот полициски синдикат кон компанијата Маја, која како потврдена општествено одговорна компанија дава перманентен и постојан придонес преку донација на свои производи со што несебично ги помага активностите кои ги организира МПС, објави МПС на својот официјален профил на Фејсбук.

Објавата е потпишана од претседателот на Македонски полициски синдикат, д-р Марјан Кицев. Претходно денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски објави дека на вработени од МВР ќе им биде исплатена плата плус за минатата година.