Кандидатот за премиер од редовите ДУИ, Насер Зибери е негативен на Ковид-19. На својот фејсбук профил тој денеска соопшти дека не е позитивен во КОВИД-19 и утре во 10:00 часот ќе го искористи своето право на глас. Воедно тој ги повика сите граѓани да гласаат и да не станат жртви на злонамерна пропаганда.
– Ви благодарам многу за масовната грижа и поддршка, јас сум потполно здрав и добар, подготвен за новите предизвици. Ве молам да ги користите вашите телефони за разговори со семејството, пријателите, најблиските и соработниците, а не за ниска клевета, црна кампања и пропаганда на ден пред изборите затоа што тоа не ве вреднува, пишува Зибери, кој истовремено им посака здравје на сите и брзо закрепнување на сите заразени.
Во медиумите претходно денеска беше објавена информација дека Зибери бил позитивен на Ковид-19.