Зинедин Зидан не планира враќање во Јувентус, тврди „РМЦ Спорт“, повикувајќи се на извори блиски до поранешниот тренер на Реал Мадрид.

Откако Кристијано Роналдо премина во Јувентус, многу се шпекулираше за евентуално враќање на Зидан кај „Старата дама“ како спортски директор.

Масимилиано Алегри е тренер на Јувентус од 2014 година и раководството на клубот е многу задоволно од неговата работа.

Зидан играше во Јувентус од 1996 до 2001 година, а потоа се пресели во Реал Мадрид.

Јувентус соопшти дека не им требаат нови лидери за да му помогнат на потпретседателот Павел Недвед за спортски технички прашања.