Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан одби да коментира дали неговиот клуб е подготвен да направи понуда за играчот за врска на Манчестер Јунајтед, Пол Погба.

– Реков дека Погба е добар фудбалер, но можам да го кажам истото и за други играчи. Го познавам, но ништо повеќе. Погба е многу добар, но игра за Манчестер Јунајтед. По крајот на сезоната ќе видиме кои фудбалери ќе дојдат кај нас и кои ќе си заминат. Никогаш не сум рекол дека имаме намера да го купиме Погба, изјави Зидан.

Неодамна во медиумите се појави информација дека Реал Мадрид е подготвен да плати 145 милиони евра за Французинот. Оваа сезона Погба учествуваше во 33 натпревари од првенството, во кои постигна 13 гола и асистираше за 9.