Поради погубните политики на власта на СДСМ и ДУИ во енергетиката денес Македонија е пред енергетски колапс. ЕЛЕМ сегашен ЕСМ е претворен во загубар кој не може да ги произведе ниту елелемнтарните количини струја, а МЕСО освен што е загубар недозволено повлекува струја од европската мрежа, или народски кажано краде.
Ова се истакнува во денешното соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.
– Ете до тоа дереџе е доведен енергетскиот систем од оваа власт на СДСМ и ДУИ. Нема домашно производство на струја оти акумулациите се празни, а РЕК Битола работи со половина блок. Затоа Македонија увезува струја по цена од 350 евра MWh, а доколку имаше домашно производство цената ќе беше 5-6 пати поевтина. Поради ваквото недомаќинско работење на власта со народни пари 65 милиони евра се покрива нивната неспособност, а башка неминовно е зголемување на цената на струјата што пак ќе удри по џебот на граѓанинот, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Да потсетиме, се додава во соопштението, дека досега цената на струјата само во време на оваа власт е покачена за над 20%, а допрва после новата година по стандардот на народот ќе удрат и со ново покачување.
– Криминалната власт на СДСМ и ДУИ се што фати се исуши. Ги упропастија енергетските капацитети и целиот систем. Нивната неспосбност, неодговорност, криминали и коруптивни тендери граѓаните скапо ќе ги платат. За ова мора да има одговорност, наведува ВМРО-ДПМНЕ.