Во западните делови од Србија денеска падна првиот снег, а во Ужице и Ивањица има пет до десет сантиметри снежна покривка, јави дописникот на МИА од Белград.
Покрај Ужице и Ивањица, снег падна и во Сјеница, какао и на планината Златар кај Нова Варош, а како што е најавено, на високите планини на југозападна и јужна Србија дождот кој утрово паѓа, во вечерните часови за кратко време ќе прерасне во снег.
Според прогнозата во Србија, во сабота ќе биде облачно со врнежи од дожд, во ридско-планинските предели со снег. Во текот на денот врнежите од дожд ќе преминуваат во снег во пониските предели на западна, јужна и југоисточна Србија, во текот на вечерта во централните предели, додека во исто време врнежите ќе престанат во Војводина.
Според моменталната временска прогноза, во недела во сите региони во Србија ќе има вистинско зимско време.
Фото: МИА