Во поголемиот дел од Македонија изутрива врне снег, кој е поинтензивен на југозападот.
Најмногу снег ноќеска наврна во Пожаране каде што е формирана снежна покривка од 36 сантиметри, во Маврово 33, Дебар 22, Битола 21, Охрид 19, Прилеп 15, Попова Шапка 9 и Тетово 6 сантиметри.
На пониските предели врне дожд. Во текот на ноќта дуваше и умерен до засилен северен ветер, кој достигнуваше брзина од 80-100 км/час.
Облачно, студено и ветровито со повремени врнежи претежно од снег ќе биде и во текот не денов. Во планинските региони и во западните делови дополнително ќе се зголеми снежната покривка, а долж Повардарието врнежите ќе бидат од дожд, влажен снег и снег и помала снежна покривка ќе има само понекаде.
Поради силниот ветер кој ќе продолжи да дува и денеска (и над 80 км/час) ќе има услови за појава на снежни наноси.
Максималната температура ќе биде во интервал од 0 до 8 степени. Во Скопје облачно, студено и ветровито со повремени врнежи од дожд и снег. Максималната температура ќе достигне 5 степени.