Водостојот на Треска кај Македонски Брод е 13 пати понизок од вообичаениот за јануари, а понизок од просечниот е и водостојот на сите останати реки во земјава со исклучок на Црн Дрим кај Ложани каде е ист со просекот, покажуваат последните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
За 11 сантиметри понизок од вообичаенот е и водостојот на Охридското Езеро, додека Дојранското има за речиси три метри повисоко ниво од вообичаеното за овој месец.