Кога станува збор за траењето на батеријата, постојат многу мали правила кои одредуваат што да правите со вашиот телефон. Многу од нив имаат врска со реалноста, но некои и не. Еве пет правила кои можете слободно да ги заборавите, но и едно кое треба да го запаметите.

1.Полначите од помалку познатите произведувачи ги уништуваат батериите – Неточно! Иако обично не се оптимизирани за брендираните паметни телефони, тие не можат да им наштетат.

2.Не е добро да се користи телефонот додека се полни – Ниту ова не е точно! Можете да ги користите колку сакате, се додека не користите полнач купен од сомнителни извори. Единствената последица од зборување и полнење во исто време, е брзината за која ќе го наполните вашиот телефон.

3.Полнењето во текот на целата вечер ја уништува батеријата – Па не баш. Поголемиот број паметни телефони препознаваат кога батеријата е полна и го откажуваат полнењето. Сепак, не добро да ја полните батеријата цела ноќ, секоја ноќ.

4. Паметните телефони не треба да се исклучуваат – Понекогаш и на телефоните им е потребна пауза. Доколку не мора по секоја цена да бидете достапни, исклучувајте го телефонот од време на време, на пример пред спиење. Тоа се препорачува еднаш неделно.

5. Не го полнете телефонот доколку батеријата не е целосно празна – Погрешно! Подобро е да го полните секој ден, отколку да го водите од крајност во крајност. Литиумската батерија, каква што користат Apple и Samsung, функционираат подолго кога се полни. Доколку ги “цедите” до максимум, може да станат нестабилни. Секогаш кога ја празните до крај, вие сте еден чекор поблиску до нејзиното менување.

***Топлината ќе ја уништи батеријата – Е, ова е точно! Технологијата и високата температура обично не се согласуваат. Батериите не се исклучок. Литиумските батерии се загреваат при работа, повеќе за време на полнењето. И студеното време може да има лошо влијание над батеријата.