Американскиот пејач Крис Браун беше уапсен денеска во Париз, заедно со уште две други лица, откако една жена поднела тужба за силување, изјави неименуван извор од француската полиција.

За апсењата првично информираше магазинот „Клосер“, кој напиша дека тројцата мажи биле уапсени откако 24-годишна девојка навела дека била силувана во хотелската соба на Браун на 15 јануари, пренесе агенцијата „Ројтерс“.

Како што објави АП, еден од уапсените бил телохранител на Браун.