Од ноќеска почнува зимското сметање на времето и ќе имаме еден час повеќе одмор за спиење.

Ноќеска во 3 часот, стрелките од часовникот се враќаат еден час наназад на 2 часот, што значи денот ќе трае 1 час повеќе.

Преминувањето на летно и зимско сметање на времето првпат е направено во 1916 година, во земјите на северот на Европа, а досега е воведено во околу 70 земји, со образложение да се заштеди енергијата со тоа што периодот на дневната светлина од раните утрински часови ќе се „премести“ навечер.

Со оглед дека ЕУ планира да го укине поместувањето од октомври 2021 година, ова е најверојатно претпоследно преминување од летно во зимско сметање на времето.