Последните податоци на Евростат покажуваат дека цените во Македонија се на 47 отсто од просекот на цените во ЕУ. Во истражување земени се в предвид и цените во земјите кои не се членки на ЕУ како Исланд, Норвешка, Швајцарија, Турција, Албанија, Србија, Црна Гора, Турција и БиХ, и ние сме поефтинии во однос на нив.
Веднаш до нас е Бугарија каде цените се на 48 отсто од просекот во ЕУ. Потоа следат Србија со 51 отсто, Албанија со 52 отсто Турција со 53 отсто и Црна Гора со 55 отсто.
Од ЕУ членките тука е и Романија со 52 отсто од просекот на ЕУ, следи Полска со 56 отсто. Нашите сакани соседи Грција се на 84 отсто од европскиот просек. Сите овие држави меѓутоа, имаат многу поголеми просечни плати од Македонија. На пример, Бугарите одамна надминаа 500 евра, а повисоки плати има и во Албанија. Србите се на нивото од 500 евра, Црна Гора над тоа, а тука некаде е и Турција во која просечните плати беа над 500 евра, но сега со инфлацијата се сведоа на тоа ниво.
Најскапа членка на ЕУ е Данска со цени кои се на ниво од 142 отсто од европскиот просек. Изненадувачки, Луксембург е на ниво од 127 отсто иако таму платите се со астрономски височини.
Надвор од ЕУ најскапа држава е Исланд со 162 отсто, потоа Швајцарија со 159 отсто и Норвешка со 149 отсто.
Ако се земе в предвид само храната и безалкохолните пијалоци, Македонија е повторно најефтина, овој пат убедливо, со 58 отсто. Следна е Романија со 62 отсто и, интересно, Полска со 65 отсто, која, како северна држава би требало да има скапа храна. Уште поинтересен е фактот што во сите овие држави поскапи се Србија (72 отсто од 100 отсто европски просек), Бугарија со 73 отсто, Босна и Албанија со 75 отсто, Хрватска со дури 96 отсто цени на храната во споредба со европскиот просек итн.
Во Грција цените се 104 отсто, а во ним „омилената“ Германија кога им прави проблем со задолженоста, цените се само 108 отсто. Најскапа храна во ЕУ јадат Данците со 150 отсто, а надвор од ЕУ најскапа е храната во Швајцарија со 168 отсто.