Португалскиот фудбалер и член на Јувентрус, Кристијано Роналдо се најде на третото место според бројот на гласови за Златната топка – 2019. Ова е втор случај за 14 години и прв од 2010 година, кога тој не се најде на една од првите две позиции.
Роналдо го освои трофејот во 2008, 2013, 2014, 2016 и 2017 година. Во 2007 загуби од Кака, во 2009, 2011, 2012, 2015 година прв беше Меси, додека во 2018 година Лука Модриќ беше пред Португалецот.
Во 2010 година, Роналдо го зазеде шестото место.
Сопственик на „Златната топка -2019“ синоќа стана Лионел Меси, втор беше Вирџил ван Дајк.