Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром вечерва ќе го пречека Нови Пазар во меч од 10. коло од АБА2-лигата. Тимот од Аеродром ќе се обиде да ја продолжи победничката серија во регионалното натпреварување.

– На гости ни доаѓа искусен противник, кој на последните пет средби постигнува 90 и повеќе поени. Клуч на нашата евентуална победа сигурно ќе биде колку добро одиграме во одбраната. Мислам дека добро ги спремивме кошаркарите за оваа пресметка и со максимална ангажираност и помош од трибините се надевам на позитивен исход, изјави Ѓорѓи Кочов, тренерот на МЗТ.

Натпреварот ќе се одигра вечер од 19 часот во СЦ „Јане Сандански“.