Иницијативата Отворен Балкан треба да биде урнек и за другите земји, бидејќи ја промовира и афирмира довербата како искрена форма за наоѓање најкус пат до прогресот и подобрата иднина, изјави поранешниот премиер Зоран Заев на Самитот на спортски новинари на Југоистична Европа „Спортот за државата, државата за спортот“ што се одржа во Струмица.

На овој настан, поранешниот премиер Заев, како и неговиот грчки колега Алексис Ципрас, добија златни плакети за нивниот придонес кон промоција на мирот.

Заев во неговото обраќање истакна дека може да се разликуваме по многу нешта, но заеднички треба да ни биде стремежот кон таа иднина и напредокот.

-Отворен Балкан е отворена можност за непречена билатерална и мултилатерална соработка на сите можни полиња. Така се гради пријателство, така се оди напред, така се чува и надградува мирот, рече Заев.

Асоцијацијата на спортски новинари на Македонија, на научниот симпозим што се одржа во Струмица плакети за мир освен на Заев и Ципрас, му доделли и на долгодишниот претседател на МОК и политичар, Васил Тупурковски.

– Како премиер добив повеќе меѓународни награди за мир, а заедно со поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас бевме номинирани и за Нобелова награда за мир. Сепак, за мене постои само една и единствена награда за мир, а тоа е мирот. Двете позиции се спротивни една со друга, но горд сум што Заев е истиот човек – Македонец, мирољубец, рече Заев.

Како што е познато, Заев и Ципрас беа кандидати за Нобелова награда по потпишувањето на Договорот со Грција, со кој беше сменето уставното име на Република Македонија.