Владејачката партија ДУИ денеска беше на партиски промоции во Струшко, каде што лидерот Али Ахмети шутираше пенал, а неговата десна рака, вицепремиерот Артан Груби се обиде да постигне тројка.

Настаните се од спортската сала што ја промовираа во Струшко, за која и двајцата функционери објавија на своите официјални профили на Фејсбук.

– Уште едно дадено ветување и програмски приоритет на Владата стана реалност! Откако го означивме почетокот на работите за изградба на спортската сала Нури Мазари во Дeлогожда, денешниот работен ден во Струга, го продолживме со инаугурацијата на ново изградената спортска сала на Општинското Основно училиште Асим Агуши во Радолишта. Инвестиција од околу 23 милиони денари, реализирана по сите современи стандарди која ќе им служи на младите и на жителите на Радолишта, но и на околните места, објави Груби.

Со своја објава на Фејсбук се огласи и Ахмети за „моментите од денешната посета на новата административна зграда на Општина Струга“.