Швајцарецот Марко Одермат го освои златниот медал на денешната трка во велеслалом на 24. Зимски олимписки игри во Пекинг и со тоа ја потврди својата доминација во оваа алпска дисциплина.

Сребрениот медал го освои Словенецот Жан Крањец, кој заосатна 19 стотинки зад Одермат, додека до бронзата дојде Французинот Матје Февр со заостанување од 1:34 минути зад новиот олимписки првак.

Одермат стана петти Швајцарец во историјата со златен олимписки медал во велеслалом, додека Крањец го израмни најдобриот олимписки резултат на словенечките скијачи, што во 1984 на Игрите во Сараево, исто така, во велеслалом го постигна Јуре Франко.