Еден месец по почетокот на нивното движење, „жолтите елеци“ се подготвуваат за петта сабота по ред да излезат на протести и покрај отстапките ветени од францускиот претседател Емануел Макрон кој вчера повика на смирување на состојбата.

Во Париз протестот е закажан за 14 часот. Властите стравуваат од нова ризична сабота откако во минатата беа приведени рекорден број луѓе – повеќе од 2.000, додека 320 се повредени.

Во повеќе други градови се регистрирани судири и материјална штета.

Властите во Париз најавија дека на улиците во главниот град ќе бидат распоредени 8.000 припадници на силите на редот и 14 оклопни возила.

Влезовите во Елисејската палата и националното собрание дополнително се заштитени, а голем број продавнции особено на луксузните компании ќе бидат затворени.

Макрон вечра рече дека на Франција и треба мир и ред и враќање во нормалното функционирање пред новиот ден на мобилизација  на „жолтите елеци“.