Во Париза се задржани 64 демонстранти како резултат на судирите меѓу полицијата и учесниците на 18-те по ред протести на „жолтите елеци“.
Според информации на француското МВР, на протестите има меѓу 7 и 8 илјади лица, од кои 1.500 директно учествуват во судирите.
Провокатори, облечени во црно, со качулки на главите, фрлале камења врз полицијата, која возвратила со солзавец.
Судирите посебно добиле на интензитет на „Шанз Елизе“, каде биле искршени излозите на бројни продавници.
Демонстрантите се обиделе да превртат и полициски минибус. Тие го блокирале и движењето на познатиот булевар, по што полицијата употребила водени топови за да ги растера демонстрантите.
Вчера лидерот на „жолтите елеци“ Ерик Друе, ги повикал симпатизирерите преку видео емитувано на Јутуб, да излезат денеска на улиците на Париз за да се види нивниот број.