Пратеникот Антонио Милошоски преку статус на својот Фејсбук профил запраша „зошто Владата ја крие анкетата спроведена во јули“, во која на прашањето „дали ќе излезете на референдум“ потврдно одговориле само 31 отсто.
– Зошто владата ја крие анкетата спроведена во јули? На прашањето дали ќе излезете на референдумот, на ниво на Македонија, само 31 отсто одговориле дека ќе гласаат, што е 562.000 од вкупно 1.814.600 запишани гласачи. Мнозинството одговориле дека се за бојкот. Во Битола, на општинско ниво, само 22 отсто од испитаниците рекле дека ќе излезат на референдумот (18.000 од вкупно 83.000 запишани гласачи), напиша Милошоски.