Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ денеска на расправата за измените на Изборниот законик истакна дека спротивно на деловникот Владата ставила европско знаменце.

Исто така, додаде дека треба да се затвори расправата зашто не е матично тело за расправа, туку комисија за избори и именување.
Тој предложи Собранието да се укине и на работа да доаѓаат само Талат Џафери и Артан Груби.
Вториот предлог е да се намали кворумот.
– Седнете си со Џафери и гласајте сами за ДИК, рече Димовски.