Бројот на смртни случаи од огнено оружје во САД минатата година беше рекордно висок во изминатите речиси три децении.

Има исклучително зголемување на бројот на жени жртви – од 2010 година, бројот на убиени афроамериканки или оние кои извршиле самоубиство со огнено оружје е тројно зголемен, соопшти Дејвид Хеменвеј, Во споредба со 2015 година таа цифра е двојно зголемена.

Студијата е најсеопфатната анализа на темата во изминатите години, истакна Пол Хеменвеј, директор на Центарот за контрола и истражување на повреди на Универзитетот Харвард.

Минатиот месец, федералните центри за контрола и превенција на болести објавија дека во 2021 година во САД има повеќе од 47.000 смртни случаи од огнено оружје, што е најмногу во изминатите 40 години.