Денес е 1 септември. Додека сите ученици се радуваат на почетокот на учебната година, оваа радост денеска нема да ја доживеат учениците од населбата „Барди“ во Долно Блаце. Вчера десетици функционери продефилираа пред овој објект, наменет да се користи како училиште за учениците кои повеќе од една деценија ја минуваа границата на косовската страна за да го следат образовниот процес бидејќи немаа објект да го остварат ова право во Македонија. Денеска, вратата на објектот е затворена, објавува АЛСАТ.

Некои од родителите кои ги сретнавме утрово, иако не сакаа да зборуваат пред камера, рекоа дека одредени лица ги известиле дека во училишниот објект што го чекаат повеќе од 10 години, наставата нема да почне затоа што нема учител.

За министерот за образование Јетон Шаќири нема никаков проблем и според него има кадри, но како што вели, бидејќи денеска е почеток на учебната година, наставата нека почне во понеделник.

„Има кадар, обезбеден е и кадарот, сега течат процедурите за регистрација. Училиштето, според информациите што ги имам како министер од управата, по завршувањето на сите процедури, денеска ќе прави организирањето на часовите.. И верувам дека нема никаков проблем и дека утре, од понеделник, бидејќи денеска сме почеток, тоа е нов локалитет, освен што ќе има настава во прво одделение, ќе има и комбинирани паралели“, рече Шаќири.

Неговата конфузна изјава е спортивна на изјавата што ја даде за време на свеченото отворање на објектот.
„Очекувам утре учениците да започнат во ова училиште. Ги гледаме подготовките. …Ова што го кажувам сега ќе се спроведе утре“, рече Шаќири.