Кинескиот претседател Си Џинпинг изјави дека Кина е подготвена да работи со Соединетите Американски Држави за доброто на двете земји, објави денеска кинеската државна новинска агенција.

На седницата на Националниот комитет за односите меѓу Кина и САД, тој оцени дека двете земји како големи светски сили треба да ја зајакнат комуникацијата и соработката за да обезбедат стабилност на светот.

Заострувањето на односите меѓу Пекинг и Вашингтон се случи по рускиот напад на Украина, односно заминувањето на високи американски претставници на Тајван во август.

Кина тогаш објави дека САД испраќаат „опасни сигнали“ во врска со Тајван, кој Кина го смета за своја територија.

Си неодамна рече дека Кина, доколку е потребно, никогаш нема да се откаже од употребата на сила во случајот со Тајван, додека американскиот претседател Џо Бајден рече дека САД не сакаат конфликт со Кина.