Страшо АНГЕЛОВСКИ

Би ни требало премногу време и простор доколку се враќаме назад во времето на Крстоносните војни, во времето на големата Шизма и се’ она што се случуваше низ вековите во обидот на ционизмот, преку “длабоката црква“ на западното христијанство за која пишува и надбискупот на Католичката црква во САД, Карло Мариа Вигано, да го уништи православието. Длабоката црква на западното христијанство, како оружје за реализација на Протоколите на Сионските мудреци и завладување со светот. Затоа, само ќе напоменам неколку работи.

Основната теза на ционизмот за завладување со светот, од времето на Сионските мудреци до денес, претпоставува уништување на здравите христијански општества одвнатре – преку уништување на христијанските вредности и, на нивно место, вметнување на неморалот, блудот, хедонизмот, алкохолизмот, комарот, дрогата и сите останати зла што воопшто и можат да се замислат.

Ова, најинтензивно започнува да се реализира откако тезите на Маркс за одумирање на државата, нацијата и семејството, медиумите под целосна ционистичка контрола (контролирани медиуми како еден од првите услови за завладување со светот), ги претставуваат како политичка идеологија на “онеправданите“ и “малцинските“ категории. Па, преку марксистичката “идеологија“, инаку, најголемото зло за човештвото, започнува “борбата за остварување права“ и уништување на традиционалните вредности и нивните заштитници.

Најпрво, преку увезениот болшевизам со марксистички корени (со воз, преку Финска), преку обидот за уништување на царска Русија се направи обид да се сотре православието. Над 200,000 православни светилишта беа срамнети со земја, а свештениците живееја во подземни катакомби како во стариот Рим. Потоа, штедро финансирајќи ја Работничката Национал- Социјалистичка партија на Хитлер, формирана врз марксистички корени, преку обидот да се уништи тогашниот СССР, се прави обид да се докрајчи токму православието. Денес, либералната евроатлантска заедница, со длабоки марксистички корени, преку милитантното ширење кон границите на Руската Федерација, предизвика војна во која конечна жртва треба да биде токму возобновеното православие.

Зашто, во Протоколот број 17 на Сионските мудреци, јасно стои запишано дека “…уште не многу години не делат од целосниот распад на христијанската религија, а со другите религии уште полесно ќе излеземе на крај… но, додека не ја превоспитаме младината во нови, преодни вери, а потоа во нашата, ние нема отворено да го напаѓаме постоењето на црквата, туку со нејзе ќе се бориме со критика која предизвикува расцеп… воопшто, нашите современи медиуми ќе го искривуваат значењето на религијата со најбезобѕирни изрази…“

“ЛИБЕРАЛНИТЕ“ УДАРИ ЗА УНИШТУВАЊЕ НА ПРАВОСЛАВИЕТО

Во 1999 година, со НАТО агресијата врз суверената СР Југославија започна последниот обид, кој се’ уште трае, на “либералните“ марксисти за уништување на православието. Стотици православни светилишта на Косово и Метохија беа осквернавени, разурнати, или уништени, а православното население беше убивано и протерано.

Потоа, во 2001-та, во нападот на терористичката организација врз суверената Република Македонија, од која подоцна се “испили“ партијата на Груби, беа осквернавини, разурнати и уништени десетици православни светилишта и илјадници православни гробови и споменици. Православното население на најсвирепи начини беше измачувано и убивано, а до ден денес имаме луѓе, протерани од сопствените огништа.

Во меѓувреме, Сирија, држава на Блискиот исток со голем процент православно население, беше мета на “либералната“ агресија, древните православни светилишта беа разурнати и уништени, а православното население убивано и протерано.

Пред точно десет години, тогашниот министер за надворешни работи на Шведска, Карл Билт, изјави дека “Путин демонстрира приврзаност не кон меѓународните вредности, туку кон православието. Неговата поддршка на Асад во Сирија, може да се објасни со тоа што Асад ги штити православните во Сирија. Според тоа“, ќе рече Билт, “православието е поопасно од исламскиот фундаментализам и затоа претставува најголема опасност за западната цивилизација“. Со ова, еден од најекспонираните “либерални“ злосторници, кој одигра голема улога во насилното инсталирање на нелегитимното мнозинство на ДУИ и СДСМ и потпишувањето на Преспанскиот договор, јасно го впери прстот во “најголемиот непријател“ кој треба да биде уништен – православието.

Пред неколку недели, естонскиот министер за надворешни работи, Лаури Ланеметс, отиде чекор подалеку и побара Московската патријаршија на Руската православна црква да биде прогласена за “терористичка организација“. Со тоа, најверојатно, би требало да се овозможи “меѓународна“ поддршка во отворениот обид за уништување на православието како “терористичка“ религија.

Во меѓувреме, украинската власт апси, малтретира и притвора православни свештеници на својата територија, а агентот на ЦИА од Истанбул, грчкиот владика Вартоломеј, кој лажно се претставува за врховен поглавар во православието (нешто што воопшто не постои, бидејќи источното хистијанство е богоцентрично и Бог е единствениот врховен авторитет, за разлика од западното кое е човекоцентрично, па Папата е врховен поглавар), формира вештачка “длабока“ црква во Украина. Она истото што сака да го стори, а што никако не смееме да го дозволиме во Македонија – да ни формира некаква “длабока“ Православна црква на северна Македонија.

Ова се оркестрирани напади за уништување на православието и неговите вредности, а Груби и неговата терористичка организација, “либерално“ произведена во “зелена“ партија, папагалски зборувајќи за Русија како агресор, всушност, го вперуваат истиот прст на Карл Билт и Лаури Ланеметс кон православието како непријател кој треба да биде уништен.

ВО НИВНИТЕ ПЛАНОВИ Е И УНИШТУВАЊЕТО НА ИСЛАМОТ

На крајот, за да не бидам погрешно разбран – не Груби како муслиман се залага за уништување на православието, туку Груби како противник на исламот со слугување на “либералната“ агенда за загосподарување со светот. Во таа агенда е предвидено, за жал, и уништувањето на исламот како благородна и блиска на православието религија. За таа цел, е формиран радикалниот ислам под контрола на “либералите“, но и оној ислам со кој вистинските верници се подбиваат и го нарекуваат “бриселски ислам“ на кој му припаѓаат балканските муслимани од Македонија, Косово и БиХ, како слуги на европските бирократи во Брисел, а на кои им припаѓа и Груби. И едните и другите, а за потребите на “либералните“ елити, со збор или со терористички акции треба да внесуваат зла крв меѓу двете блиски религии и да ги поттикнат на нивно меѓусебно истребување и уништување.

Таа е големата игра во која е фрлен малиот Груби и неговите криминални колеги.

А ние, вистинските верници, православни и муслимани, почитувајќи ги различностите, треба да се обединиме во сличностите, во борба против заедничкиот непријател, марксистичкиот “либерализам“, кој се заканува да ни ги уништи традиционалните вредности во кои заеднички веруваме.

(авторот е претседател на МААК)