Австрискиот војсководец Пиколомини не се спасил од чумата поради која во 1689 година го запалил Скопје, кое горело два дена, починал нецел месец по пожарот што го предизвикал.

На денешен ден, 9 ноември во 1689 година, во Призрен умре Пиколомини, австриски војсководец, по чија наредба австриската војска го запали Скопје на 26 октомври 1689 година. Пиколомини е роден е во 1650 година.

Нецел месец пред неговата смрт, на 26 октомври 1689 година, по негова наредба, австриската војска го запалила Скопје, кое горело два дена.

Австријците го запалиле градот за да се спасат од епидемијата на чумата, но опасната болест не била запрена од огнот. За кусо време изгореле многу куќи, дуќани и други градежни објекти.

Покрај загубите што му биле нанесени на населението, неколку илјади австриски војници заболеле и умреле од чумата, а меѓу нив и нивниот генерал Пиколомини.

(Подготвил: Д.Г.)