Дојави за поставени експлозивни направи се добиени за уште две училишта во Скопје, покрај двете училишта за кои МИА претходно информираше.

Пријавата за новите бомби е добиена околу 10 часот, а половина час претходно стигнаа дојавите и за првите две училишта, од кои едното е гимназијата „Јосип Броз Тито“.

– Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на сите четири училишта. Во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР.