Овие два дена предводам делегација од МВР на работна посета на Виена, Република Австрија, соопшти министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

– Денеска, ќе остварам средба со претставници на здружението Црковна Општина Св. Наум Охридски. Утре, ќе го посетам австриското МВР, при што ќе остварам билатерална средба со австрискиот колега Герхард Карнер, по која следи заедничка изјава за австриските медиуми. Во текот на истиот денот, во МВР на Република Австрија ќе одржам предавање на тема: „Миграциски токови и значењето на потпишаниот договор со ФРОНТЕКС за безбедноста на европските граници“. Истиот ден вечерта, во македонската Амбасада во Виена, ќе се сретнам со претставници на дијаспората и со вработени во Амбасадата, во рамки на веќе воспоставената практика на средби со наши исселеници во странство, а под мотото „Го слушаме гласот на сите, секој еден е важен!“, се вели во објавата на Спасовски на неговиот официјален профил на Фејсбук.

Спасовски во последно време е често во посети на европските метрополи како да е министер за надворешни работи.