Повеќе од четвртина од Европејани имаат проблеми со затоплување на домовите и плаќање на долгови за станбени и комунални услуги, објавија во петокот унгарските медиуми, повикувајќи се на истражување на Истражувачкиот центар Сазадвег.

Според истражувањето наречено Европски проект, 26% од жителите на ЕУ, или приближно 100 милиони луѓе, не се во можност да ги загреат своите домови правилно. Се чини дека Грците се најтешко погодени, со 56 отсто од населението кое се соочуваа со тешкотии со греењето. Во Португалија и Франција, 34% од жителите ги опишале истите проблеми. Најмалку погодени се Финска, Унгарија, Австрија и Данска, со помалку од 15% од населението кои признаваат тешкотии.

Секој четврти испитаник во анкетата изјавил дека најмалку еднаш во изминатата година не можел да ја плати сметката за греење. Таа бројка е највисока во Грција, со 51 отсто од засегнатото население, потоа Кипар со 37 отсто, Ирска и Бугарија со по 35 отсто итн.

Испитаниците ја обвинија инфлацијата за нивните проблеми, бидејќи зголемувањето на цените на сè, од енергија до храна, влијае на нивната способност да ги платат сметките.

Според истражувањето, сметките за парно станале многу помалку достапни отколку во 2021 година. Авторите забележале дека во 2021 година, врз основа на податоците од европската статистичка служба Евростат, само 6,9% од европските домаќинства (околу 29,9 милиони луѓе) не биле во можност да соодветно ги загреваат домовите, а 6,4% имаат проблем со плаќање на сметките.

Истражувањето било спроведено меѓу 38.000 по случаен избор одбрани возрасни Европејани помеѓу 13 октомври и 7 декември 2022 година. Истражувањето ги опфати ЕУ, Велика Британија, Норвешка, Швајцарија, Молдавија, Албанија, Косово, Македонија, Црна Гора, Србија, Бугарија, Босна и Херцеговина.

Од резултатите очигедно е дека испитаниците од Македонија или лажеле или сметаат дека правилно греење е тоа на дрва кога сите од семејството седат во една соба. Освен доколку сите испитаници не биле од центарот на Скопје и околината каде е најголема покриеноста со парно греење.