Според извештајот на американскиот сајт „Global Firepower“, кој ја оценува воената сила на земјите, Македонија е на 108 место од 145 земји.

Како што е наведено на веб-страницата Globalfirepower, повеќе од 60 индивидуални фактори, како што се бројот на воени единици, финансиите, логистичките способности и географијата, се користат за креирање на рангирањето.

Кога станува збор за регионот, Србија е најмоќна во регионот и е на 58. место. Хрватска е на 69. место, Словенија на 86. место, Македонија на 108. место, Црна Гора на 128. и Босна и Херцеговина на 133. место. Косово е на 134. место на листата.

Романија е на 47., Унгарија на 54., Бугарија на 59. и Албанија на 91. место.

Во првите 10 земји на листата се: САД, Русија, Кина, Индија, Велика Британија, Јужна Кореја, Пакистан, Јапонија, Франција и Италија. Украина е дури на 15. место.