Градоначалникот на општина Маврово и Ростуше, Медат Куртовски решил да стане Рамиз Мерко (од Алиекспрес) па за таа намена во буџетот на Општината за свое луксузирање решил да потроши 3.500.000 (три милиони и петстотини илјади) денари за купување на ново луксузно возило за сопствени потреби, со пари на граѓаните, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

– За време на незапаметена енергетска, финансиска криза и најголема инфлација, Градоначалникот решил да проживее на грбот на сиромашкиот народ, кој сѐ помасовно се иселува од нашата општина, велат од партијата.