Премиерот Димитар Ковачевски денеска во телефонски разговор со претседателот на Украина Володимир Зеленски ја пренесе поддршката на С. Македонија за украинскиот народ во бруталната, неоправдана и непредизвикана воена агресија која Русија ја врши врз Украина, соопшти владината прес-служба.-Војната која Русија ја започна пред речиси една година е флагрантно кршење на меѓународното право и Повелбата на ОН. Украина е независна и суверена држава со целосно располагање на својот територијален интегритет. Агресијата која Русија ја врши е за најсилна осуда, бидејќи освен прекршување на нормите, таа предизвикува и големо човечко страдање и ја влошува глобалната економија, истакнал премиерот Ковачевски.Во разговорот станало збор и за досегашната помош и поддршка која Македонија ја обезбедува за Украина. Претседателот Зеленски ја истакнал благодарноста до македонскиот народ за сета досегашна помош и поддршка. С. Македонија, било нагласано во разговорот, и како НАТО членка ќе продолжи со помош за Украина на сите потребни начини, се наведува во соопштението.Особен фокус на разговорот бил развојот на настаните на воениот фронт, како и улогата на ОБСЕ во можностите за прекин на војната. Како премиер на земја претседавач на ОБСЕ, Ковачевски најавил дека ќе ја посети Улраина.