Видеото на кое Ахмети пее, дел од албанските медиуми го протолкуваа како негов одговор на тн. огнена група од ДУИ, чии членови ден претходно од Студеничани му порачаа „да не го пали јорганот за неколку болви“.

– Снимањето на Али Ахмети како пее и потоа објавување на истата снимка за да се дефокусира мислењето од вистинскиот проблем, е бесрамна злоупотреба на неговиот имиџ, реагира Изет Меџити од ДУИ, од тн. огнена група, откако вчера во јавноста беше објавено видео на кое првиот интегративец пее во својата канцеларија.

Ваквото видео, дел од албанските медиуми го протолкуваа како одговор на Ахмети на „огнената група“ од партијата чии членови ден претходно од Студеничани му порачаа „да не го пали јорганот за неколку болви“.

– Снимањето на Али Ахмети како пее и потоа објавување на истата снимка за да се дефокусира мислењето од вистинскиот проблем, е бесрамна злоупотреба на неговиот имиџ. Снимањето на Али Ахмети и зачувувањето на овие видеа за користење кога ви одговара е неточно и се чини дека тоа не се случува првпат. ДУИ мора да се ослободи од узурпаторите, платениците и неспособните, пишува Меџити, упатувајќу му очигледно порака на Груби, имајќи предвид дека споделува и принтскрин од објава на Артан Груби.

Огнената група завчера во Студеничани ја одржа првата од низата средби што ги најавија со граѓани и членови на партијата, а истата ноќ на Фејсбук се рашири видеото со „песнопеецот“ Ахмети што го објавивме.

Од собирот повторија дека се непоколебливи во поддршката кон нивниот лидер Али Ахмети, но и му порачаа „да не го пали јорганот за неколку болви“.