Тајванското Министерство за одбрана на третиот ден од кинеските воени вежби ја информира јавноста дека до утринава регистрирало 59 кинески борбени авиони во близина на својата граница.

Според Министерството, од 59 забележени авиони, 39 ја прелетале централната линија на Тајванскиот теснец и влегле во тајванската воздушна одбранбена зона.

Податоците се однесуваат до утринава, до 10 часот по локално време, или до два часот ноќва по Гринич.

Тајванското министерство, исто така, соопшти дека и кинескиот носач на авиони „Шандонг“ учествува во воените вежби.

Кинеските медиуми пренесоа дека продолжуваат воените вежби во близина на Тајванскиот теснец.

Тридневните вежби, во кои кинеските борбени авиони и воени бродови симулираат напади врз Тајван, наидоа на осуда од Тајпеј и повици на воздржаност од Вашингтон.

Портпаролот на јапонската Влада соопшти дека неговата земја со интерес ги следи кинеските вежби околу Тајван.