Убиство се случило вчера во Бугарија, а како што објавија медиумите, по увидот на полицијата, било констатирано дека телото е на 49-годишен македонски државјанин.

Тој на 24 јануари влегол во Бугарија преку граничниот премин Деве Баир-Ѓуешево. Според полицијата, извршител на убиството е 14-годишно момче од Несебар.

Македонски државјанин е убиен во Сончев Брег, јавуваат бугарските медиуми повикувајќи се на информации од полицијата. Мажот бил избоден со колец.

Во четвртокот околу 11 часот, регионалната канцеларија на Несебар добила порака дека машко тело со видливи повреди на главата е пронајдено во шумска предел до ресторанот „Бацвата“ на Сончев Брег, Запад.

По увидот на полицијата, било констатирано дека телото е на 49-годишен македонски државјанин. Тој на 24 јануари влегол во Бугарија преку граничниот премин Деве Баир-Ѓуешево. По извршени бројни оперативно-претресни активности и процесно-истражни дејствија, меѓу кои распити, одземање видеоснимки од безбедносни камери на широк периметар, констатирано е дека извршител на убиството е 14-годишно момче од Несебар.

Убиството е извршено со прободување со остар колец. Се истражуваат причините за убиството. Работата на случајот ја продолжуваат вработени во Одделението за криминална полиција при ОДМВР – Бургас и Регионалната управа – Несебар. На младиот човек му е одреден притвор до 24 часа.