Со 300 милиони евра, колку што власта веќе му должи на Бехтел и Енка ќе се изградеа 150 училишта или два клинички центри, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Ново училиште во скоро секое поголемо населено место можеше владата да направи со 300 милиони евра, кои веќе им ги должи на Бехтел и Енка, што заради пенали, што заради аванс. Илјадници ученици низ цела Македонија ќе учеа во нови училишта, ако (Артан) Груби и (Димитар) Ковачевски наместо својот го гледаа интересот на граѓаните, се вели во реакцијата од опозициската партија.

Со 300 милиони евра Владата можеше да изгради два нови клинички центри, како што беше проектот за тој во Скопје, кој власта го раскина, а сега и за него треба да плаќа пенали, се додава во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.

– СДС Македонија ја чини милиони за пенали и аванси, кои се резултат на нивната неспособност и криминогеност. Потребни се промени, за крај на расипничкото трошење на парите на граѓаните, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.