Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, денеска се сретна со амбасадорите на Соединетите Американски Држави, Велика Британија, Франција, Италија и Германија, како и со шефот на Делегацијата на Европската унија во Србија.

– Во еден од најтешките моменти за Србија имав важен разговор со претставници на Квинтата. Го повторив ставот на Србија за последните настани на Косово и побарав КФОР да се грижи за сите безбедносни прашања на северот на Косово наместо полицијата на Курти. Исто така, го поставив прашањето зошто косовската полиција го одби ЕУЛЕКС да присуствува на самата операција што беше спроведена на територијата на северот на Косово – напиша претседателот Вучиќ на својот официјален Инстаграм профил.