Втора недела Артан Груби, ДУИ, Ковачевски, Лотарија, немаат одговор за скандалот – како директорот на Лотарија, Перпарим Бајрами изнајмува локал за цели 21.000 евра месечно од фирма чиј што дел е член на УО на Лотарија, Шабан Азмовски, Хамза и тоа со договор на 10 години? 21.000 евра месечно, 10 години, 252.000 годишно, вкупно 2 милиони 520.000 евра. Исто така, за годинава Лотарија предвидела речиси милион евра, над 970.000, за наем и реконструкција на деловен простор, всушност за истиот локал!, истакна Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

-И двајцата притоа се дел од кабинетот на Артан Груби во министерството за политички систем!

Шабан Хамза, всушност отвора портал ХЕЈ.МК каде главен условно клиент е Фидан Селими со фирмата „Медиа Девижн 2021“, инаку уште еден вработен во министерството на Артан Груби, со задолженија за рекламирање на ДУИ!

Локалот кој што е изнајмен е од фирмата „ХЕЈ“, на Армин Машовиќ, познат како бизнис партнер со Ерџан Сулкоски, ортакот на зетот на Али Ахмети, Куштрим Смајлај!

Значи тројца вработени кај Артан Груби во бизнис со партнерот на Ерџан Сулкоски, оној којшто Али Ахмети се сеќавате дека нели не го познава!

Ова е чист случај за ЈО за организиран криминал доколку и тој не се поврзува со ДУИ и Али Ахмети!

Тоа што е интересно е дека за овој скандал пишуваше и „Слободна Европа“, домашната канцеларија на странски медиум. Но и тие пишуваат дека не добиле никаков одговор од институциите.

Затоа пак, наместо одговор до медиум и одговор на прозивките од опозицијата, едноставно, го срушиле интернет порталот, да е невидлив за јавноста.

Да потсетам на хронологијата:

„ХЕЈ“ ДООЕЛ е компанија којашто во 5 месеци прави чудо од бизнис. Основана на 02 февруари, на 22 март купува објект од речиси 3.000 квадрати, се пријавува на тендер на Лотарија во мај, и на 5 јули добива договор тежок 2,6 милиони евра!

За пет месеци од формирањето до бизнис тендер од 2,6 милиони евра! Секако, фирмата е на Армин Машовиќ, компанија за консалтинг, маркетинг и за медиумска застапеност.

Порталот ХЕЈ.мк е регистриран еден месец пред фирмата да започне, значи во јануари, од Шабан Азмовски, Хамза, инаку член на Управниот одбор на акционерското друштво на Државна лотарија, и вработен во министерството на Артан Груби!

Најголем огласувач на ХЕЈ.МК е фирмата на Фидан Селими, со информации, и видеа од и за ДУИ, а Фидан Селими со фирмата „Медиа Девижн 2021“, е уште еден вработен во министерството на Артан Груби!

Тоа е шемата, а ќе ги повторам прашањата кои што досега останаа неодговорени, до Артан Груби, но и до Спасовски, до Грковска, па и Ковачевски кои што мора да одговорат, како тоа Перпарим, директорот од Лотарија најмува простор од фирма каде дел Шабан Хамза, член на Управниот Одбор на Лотарија?

Дали Перпарим од Лотарија ќе каже дали не знаел дека Шабан Азмовски, Хамза го регистрирал името на порталот ХЕЈ на фирмата каде ќе истурат 2,6 милиони евра?

Артан Груби мора да каже како тоа во Лотарија завршиле и Перпарим Бајрами и Шабан Азмовски, Хамза, но и оној со фирмата „Медиа Девижн 2021“, Фидан Селими.

А, Али Ахмети и Димитар Ковачевски мора да одговорат како сите големи државни тендери се вртат околу зетот на Ахмети и неговиот бизнис ортак Ерџан Сулкоски?

И секако СДС мора да одговори до кога молкум ќе слугува на криминалниот клан?

Реакцијата, бришењето на порталот, односно неговото т.н. „Рушење“, покажува нервоза и открива многу повеќе од тоа што се сака да се сокрие.

Институциите мора да почнат да работат, бидејќи да потсетам злоупотреба на службена положба се прави со дејствување ама и со недејствување, односно неработење на тоа што е задачата, додава Стоилковски.