По налог на владата на Димитар Ковачевски, сопругата на Муслиу добила странски грант за тема поврзана со тероризам, односно токму тоа е предмет на работа на Агенцијата за разунавање чиј директор е токму Муслиу.

Со склучување на меморандум помеѓу Националниот координатор за борба со тероризмот и конзорциумот составен од невладини организации чиј сопственик на една од тие НВО е сопругата на Муслиу и се дадени 620.000 евра грант.

Дополнително симптоматично е тоа што, меморандумот не е достапен за јавноста, што отвора сомнеж дека власта свесно се обидува да го затскрие, а се поставува и прашањето зошто.

Доколку владата на СДС и ДУИ не склучила договор за конзорциум со овие НВО, немало ниту да ги добијат овие 620.000 евра.

Секогаш кога се фатени во криминал, функционерите на владата на СДС и ДУИ, ја обвинуваат ВМРО-ДПМНЕ за албанофобија. Но, не е албанофобија кога грабаат грантови од 620.000 евра и вршат трговија на влијание.

Во која европска држава или НАТО земја членка, освен Македонија, се доделуваат повеќе од пола милион евра на сопруга на директот на Агенција за разузнавање чија работа е дел од службата?

До сега да беше Македонија нормална држава во која функционира владеењето на правото, не само што Муслиу ќе си поднесеше оставка, сопругата ќе ги вратеше парите, туку и Јавното обвинителство и ДКСК ќе отвореше веднаш предмет за истрага.

ВМРО-ДПМНЕ постојано апелира дека владата на СДС и ДУИ е криминилизирана до гуша.

ВМРО-ДПМНЕ постојано со докази, факти и аргументи укажува дека владата на СДС и ДУИ ги користи ресурсите на државата за вршење на криминал, богатење на поединци, задоволување на одредени интереси и бенефити за лицата од власта, но ЈО и останатите институции наместо да реагираат, останува без слух и одбираат да се соучесници во криминалот на СДС и ДУИ.

СДС и ДУИ се криминално здружение кои од државата гледаат само можност за лично богатење.

СДС и ДУИ мора да заминат, бидејќи со нив секој ден е само криминал повеќе.

Со СДС и ДУИ никогаш не било полошо. Важно е да ги поразиме!, стои во соопштението на партијата.