Тренерот на Милан, Стефано Пиоли изјави дека добива голема поддршка во клубот, но дека неговата иднина во тимот се уште не е одредена.

– Иднината може да се смета за неизвесна за сите нас, а тоа особено важи за тренерите кои работат во големите клубови. Сега сме фокусирани на сегашноста, сакаме да одиграме најдобро во преостанатиот дел од сезоната. Потоа управата нека одлучи како понатаму, изјави Пиоли по вчерашната победа над Емполи.

Милан се наоѓа на второто место во Серија А, со бод повеќе од Јувентус. Убедлив лидер е Интер со 16 бодови повеќе од градскиот ривал.

Договорот на тренерот со клубот од Милано истекува летото 2025 година.