Македонката Катерина Ацевска постигна голем успех на Европскиот џиу џицу куп во Беверен, Белгија, во дициплината фајтинг над 70 килограми освојувајќи го сребрениот медал во сениорска конкуренција.

Ацевска во финалето се сретна со Ема Лете од Шведска при што загуби со опон 0-50.

На Купот настапуваат 311 учесници со 313 натпреварувачки влезови од 29 држави.

Резултати: Катерина Ацевска – Фредерика Маза (Италија) 50-0 фул ипон

Катерина Ацевска – Антигони Алифери (Грција) 50-0 (14-4 предадена)

Полуфинале:

Катерина Ацевска – Бијанка Фајхтлбауер (Австрија) 5-0

Финале

Катерина Ацевска – Емма Летте (Шведска) 0-50