На овој ден се празнува споменот на светиот новомаченик Јован од Јанинa. По смрттa нa неговите родители се преселил во Цариград каде што продолжил да се занимава со својот занает. Во тоа време Цари­град бил освоен од Турците и многу христијани од страв го примиле ис­ламот. Меѓу дуќаните на ваквите потурчени се наоѓал и дуќанот на младиот Јован. Тој постојано се препирaл со своите соседи и ги прекорувал поради напуштањето на христијанската вера. Тие пак, за да му се осветат го наклеветиле дека еднаш веќе го примил исламот, a потоа се откажал од него.

Затоа бил затворен, а потоа тепан со дрвени и метални стапови. Кога на Велигден бил изведен на мачилиште пеел:

„Христос вокресна од мртвите“.

A кога го видел големиот оган, сакајќи што побргу да се пресели во царството Божјо, самиот скокнал во оганот. Но џелатитe најпр­вин го извлекле од оганот, му јa отсекле главата, а потоа и главата и тело­то ги фрлиле во оганот. Подоцна христијаните меѓу пепелтa пронашле дел од неговите мошти и ги погребале во Големата црква во Цариград. Тоа се случило нa 18 април (с.с.) 1526 година.

Истиот ден се празнува и споменот на преподобен Јован. Тој бил ученик нa Св. Григориј Декаполит. Сe одликувал со смиреност и вис­тински христијански живот. Бил решителен борец против иконоборската ерес. Во времето нa царот Лав Eрменец кога вистинските почитувачи на иконите биле жестоко прогонувани, бил фaтен и подложен нa жестоки мачења заедно со учителот Св. Григориј и Св. Јосиф Химнограф.

По смртта нa Св. Григориј, преподобниот Јован станал игумен на неговиот манастир во Цариград. Починал околу 820 година и Св. Јосиф Песно­писец (Химнограф) го погребaл во близината на гробот нa неговиот учи­тел Св. Григориј Декаполит.