МПЦ-ОА известува дека утре нема да има заеднички молитви со Католичката и Исламската верска заедница туку дека секоја верска заедница ќе има молитива во своите храмови.

Исто така напоменуваат дека овој чин не е во организација на здружението „Лесја Украинка”, туку по нивен предлог којшто беше најштедро прифатен од страна на верските заедници.

-Со благослов на Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, на 1 мај 2022 година, во градските и приградските храмови на Македонската Православна Црква, веднаш по светата Литургија ќе биде отслужен Молебен за мир во Украина и воопшто во светот. Го повикуваме верниот народ да се придружи на оваа заедничка молитва за мир, благосостојба и хармонија-се наведува во соопштението на МПЦ.