Според организаторот, околу 100 000 Шкотланѓани во саботата маршираа низ улиците на Единбург со барање за нов референдум за независност на Шкотска.

Шкоткстата премирка Никола Стургеон го поддржа протестот во организација на „Сите под едно знаме“, порачувајќи на Твитер:

“Среќно за сите што маршираат за независност во Единбург. Не сум во можност да бидам со вас физички, но со вас сум со мојата душа. И да немате сомнение – независноста доаѓа“.

Џема МекФајден (34), учесник на маршот, за „Метро“ изјавила дека ја поддржува независноста на Шкотска уште од дете, но по несупехот на минатиот референдум малку се разочарала.

„Да бидам искрена, по референдумот бев разочарана и веќе не сакав да учествувам во било што слично. Но, неодамна бев на пат на западниот брег од Шкотска и тоа што го видов ме инспипираше – и еве ме денеска тука. Дебатата за Брегзит не ја следам, не ме интересира, но нов референдум за независност? Што е можно поскоро!“.

Шкотското движење „Сите под едно знаме“ се формира во октомври 2014 година откако за мал процент не успеа тогашниот референдум за независност на Шкотска. Целта му е да ги обедини разните независни движења за независност на Шкотска и да го организира целиот процес.