Претседателот на САД, Доналд Трамп денеска изјави дека одлуката за повлекување на американските сили од североисточна Сирија е со цел да „да се разјасни ситуацијата“ и Вашионгтон да излезе од „бесмислени, бескрајни војни“.

– Турција, Европа, Сирија, Иран, Ирак, Русија и Курдите сега ќе мора да ја разјаснат ситуацијата и што сакаат да прават со заробениците на Исламска држава во нивното соседство, напиша Трамп на Твитер.

Тој додаде и дека е „време да излеземе од овие бесмислени бескрајни војни, многу од нив племенски и да ги донесеме нашите војници дома“.

– Ќе се бориме таму каде ќе имаме бенифит за нас и ќе се бориме за да победиме, посочи Трамп.