Познатиот мотивациски говорник Ник Вујичиќ, многумина го нарекуваат чудо од човек. Иако е роден без раце и нозе како резултат на ретка болест на тетра-амелија, тој секојдневно докажува дека е невозможно – сепак, е можно.

Ник е надалеку познат мотивациски говорник, кој и покрај физичките недостатоци, успеа да постигне многу од работите за кои сонувал – патувал во многу земји, држел стотици предавања, завршил факултет, напишал две книги, се оженил и станал татко.


1. Во вашиот живот, имате два избор: да бидете огорчени или да бидете подобри. Изберете да бидете подобри, а не огорчени. Никогаш не се сретнав огорчен човек кој беше среќен. Ниту среќен, кој беше огорчен.

2. Благодарен сум што сум жив, иако мислев дека мојот живот не вреди да се живее. Никогаш не знаеш што може да направи Бог со твоите скршени делови, додека не му ги предадеш.


3. Што мислите дека треба да изберам: да му се лутам на Бог поради тоа што немам или да бидам благодарен за она што го имам? На моите семинари, луѓето ми кажуваат како тие не можат навистина да го направат тоа. Како тие се премногу стари, премногу млади, со прекумерна тежина, преслаби, имаат премногу диполоми, недоволно дипломи, како немаат пари, немаат време. Во основа, тие секогаш имаат изговор зошто не можат! Да се разбереме и јас бев таков! Работите се променија од моментот кога почнав да барам начин како можам, наместо да барам изговори, зошто не можам.

4. Некои луѓе, наместо да преземат одговорност, претпочитаат да ги обвинуваат сите други околу себе за тоа што им се случува. Ако вашиот живот ви подели погрешна карта и ви ги поремети плановите, може да го обвинувате Бог, универзумот, вашите родители или безобразното дете кое ви го украло сендвичот во трето одделение во основно училиште. Сето ова нема ниту малку да ви помогне. Единствениот начин е да завладеете со променетите околности и да го следите својот патот.

 5. Која е поентата да се биде целосен надворешно, но празен однатре? Запомнете – акција предизвикува реакција. Кога сте во искушение да ги напуштитите своите сништа, натерајте се себе да пробате само уште еден ден, една недела, уште еден месец, уште една година … Ќе бидете изненадени од тоа што се случува кога постојано одбивате да се откажете.

6. Предизвиците постојат за да не зајакнат, а не да не прегазат.

 7. Ако постојано се сеќавате на старите рани, им давате моќ и контрола на оние кои ве повредиле, но ако им простите, ќе ја пресечете секоја врска со нив. Тогаш тие повеќе нема да имаат никаква врска со тебе. Не мислам дека простувањето е некаква услуга за луѓето на кои им простуваш, туку тоа направете го за себеси.

 8. Можеби немам раце со кои можам да ги задржам рацете на жена ми, но да го задржам нејзиното срце, не ми требаат раце. Нејзиното срце е она што сакам да го држам.

9. Стравот е поголем хендикеп отколку да немате раце или нозе. Долго време не бев спремен да се соочам дека тоа што не е во ред со мене, не е моето тело, туку ограничувањата кои си ги поставив за себе, како и мојата ограничена верзија на животните можности.

10. Се што би направиле за себе самиот, правете го и за други луѓе. Ако мал чин на сочувство стана ваша секојдневна навика, ќе се чувствувате посилни и ослободени од болка и разочарување. Не треба да очекувате корист од великодушни дела, но добрите дела можат да ве доведат до изненадувачки награди.

11. Синдромот „Би бил среќен ако го имам тоа и тоа” е масовна измама. Ако барате среќа во материјалните работи, никогаш нема да ја имате доволно. Прв погледнете околу себе, а потоа погледнете внатре.