Излезе новото печатено издание на Златна книга кое е достапно за сите заинтересирани граѓани.

Златна книга  е проверен извор на информации за сите секојдневни потреби веќе 15 години по ред, и е водечки домашен информатор, секогаш со нови, целосни и точни податоци за над 50,000 фирми, институции и останати организации.

Покрај печатеното издание, сите информации се достапни и на веб страната www.zk.mk и преку мобилни апликации кои овозможуваат дополнителни можности за напредно пребарување.

Со вашата нова Златна книга добивате нови купони за попусти кај 60 домашни компании, што ви обезбедуваат заштеда при секое купување во тек на целата година.

Новата Златна книга може да се побара во просториите на издавачот. Искористете ја можноста, обезбедете си го својот примерок!