Синот на американскиот претседател, Доналд Трамп Јуниор, денеска преку Твитер порача дека на Косово има 650 американски војници и дека е време тие да се вратат дома.

Оваа, на прв поглед, по малку изненадувачка порака на Трамп Јуниор, всушност и не е толку изненадувачка. Ако Трамп ги повлече Американците од Авганистан, ако не се окупира премногу со Сирија, тогаш нема причина да држи американски војници ни на Косово, во услови кога не постои воена закана Приштина.

Уште повеќе што косовските челници се однеусваат како се уште да со наоѓаат во време на агресивната политика на Клинтон, на Обама и Бајден, па ги одбиваат сите предлози кои доаѓаат од Белград, почнаа да му пркосат и на специјалниот пратеник на Трамп, Гренел, надевајќи се дека нивните упоришта во Стејт Депарметментот, наспроти Белата куќа, ќе им ги држи позициите кои и досега ги имаа.

Тоа практично значи и затворање на базата Бонд стил иако е веројатно дека сето тоа нема да оди така бргу. Оваа изјава на Јуниор очиглендо е само испитување на пулсот, но и испраќање порака до косовските челници дека медениот месец им поминал и дека е време да излезат од американската колевка, што значи и да почнат искрено да преговараат со Србија.

Интересен е и коментарот на Дејвид Пердју, под твитот на Јуниор: