Како што соопшти МВР, на 12.09.2019 околу 13.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека бил нарушен јавниот ред и мир во автобус бр.56, при што со повреди од остар предмет се здобил 16-годишен малолетник, по што бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Со повреди се здобиле и уште две други малолетни лица кои се пренесени во Градската општа болница „8-ми Септември“. Полициски службеници од СВР Скопје излегоа на увид и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.“

Како што за ТВ Алфа изјави директорот на „8 Септември“ Костов, тешко повреденото момче имало повеќе убодни рани по целото тело од нож, најмногу во пределот на градниот кош и околу срцето поради што, во опасна состојба е пренесено на Клиничкот центар.