Поради тежок инцидент, 16-годишник во Хрватска заврши во истражен затвор, но Уставниот суд сега утврди дека е повредено неговото правото на лична слобода загарантирано со хрватскиот Устав, пренесува N1.hr.

Во средината на октомври минатата година за време на одмор во училишниот ходник, момчето се приближило до четворица ученици од своето одделение и без никаква причина еден од нив го испрскал со солзавец. Во следниот момент со тупаницата во која имал т.н боксер, тој замавнал кон него. Друг ученик го спречил во понатамошен напад.

Момчето потоа извадило нож скакулец од џебот и почнал да се заканува:

Ќе ве заколам сите, ќе ве убијам сите, ќе фрлам молотов коктел во одделението, ќе ве убијам сите и ќе го запалам училиштето.

После тоа, класниот раководител успеал да го совлада, но потоа 16-годишникот му се обратил:

Не заслужиле да живеат, ќе се вратам во училиштето, ќе го запалам училиштето“ Ќе ве убијам сите“, рекол тој.

Подоцна во канцеларијата на директорот неколку пати повторил дека ќе го запали училиштето и сите ќе ги убие, а истите зборови ги повторил и пред полицајците кои биле повикани да интервенираат.

Со својот чин ги исплашил останатите ученици, но и вработените во училиштето. Затоа бил пријавен за закани, но и за обид за нанесување тешки повреди.

Откако бил изведен пред суд, му е одредена мерка притвор бидејќи судијата констатирал дека може да ги повтори кривичните дела за кои се товари.

По инцидентот, момчето прво поминало две недели на лекување. Веќе на рочиштето за притвор, тој тврдеше дека се чувствува многу подобро.

Во меѓувреме дури бил избркан од училиште, а родителите, кои дотогаш не биле свесни дека има некакви психички проблеми, решиле да ги прилагодат работните обврски за да можат повеќе да се посветат на своето дете.